Џегер и Грол се здружија во песна за пандемијата (ВИДЕО)

„Easy Sleazy“ е за „светлината на крајот од тунелот“, вели фронтменот на Ролингстоунс.

Две рок-ѕвезди се здружија во песна за животот во карантин, која гледа нанапред кон крајот на пандемијата. Мик Џегер и Дејв Грол во вторникот попладне ненадејно ја објавија песната „Easy Sleazy“ на Јутјуб. 

Фронтменот на Ролингстоунс пее и свири гитара, додека фронтменот на Фу фајтерс и поранешен тапанар на Нирвана свири на тапани, гитара и бас. Текстот на Џегер им се потсмева на теориите на заговор и се жали за откажаните турнеи и „виртуелните премиери“. Тој исто така се шегува на сметка на танцовите игри на ТикТок и на часовите по самба, па погледнува кон „градината на земните задоволства“ што нѐ чека кога ќе бидат укинати мерките против ковид, пренесува АП.

„Everything’s gonna get really freaky/Alright on the night/Soon it’ll be a memory/You’re trying to remember to forget“, пее Џегер.

Во видеото се Џегер и Грол во своите домашни студија. Џегер за Ролингстоун рече дека иако ситуацијата е различна од земја во земја, целокупната слика постепено се подобрува.

„Се чини дека сега во многу земји има светло на крајот од тунелот“, вели тој. „Јас го видов тоа светло, па помислив да напишам песна за сите работи што ги доживеавме во карантин и сега се надевам дека ова ќе биде почеток на малку повеќе слобода“.

Објавено

Среда, Април 14, 2021 - 11:40

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе