четврток, 18 април 2024

Министерот за финансии на Германија: Криза е бидејќи Германците премалку работат

Германската економија не паѓа поради недостиг од јавни инвестиции, туку поради тоа што Германците не работат доволно, оцени министерот за финансии Кристијан Линднер на маргините на пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во Италија, Франција и во други земји се работи многу повеќе“, кажа Линднер.

Тој тоа го припиша на регулативата за скратување на работното време, демографијата и принудното преминување на луѓето на скратено работно време бидејќи немаат кому да ги дадат децата на чување.

Линднер, лидер на либералната ФДП, повторно се изјасни за редукција на бирократијата, даночни поттикнувања на економијата за инвестиции и реформа на пазарот на труд.

Според него, многу од мерките кои ги предлага за „економски пресврт“ не чинат ништо, а штедат пари за буџетот и осигурувањето.

„Кога луѓето работат или работат повеќе, плаќаат повеќе даноци и повлекуваат помалку социјални бенефиции“, додаде германскиот министер за финансии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ