Бред Пит апсолутно го уништи Трамп во „Сабота вечер во живо“ (ВИДЕО)

Појавувајќи се од дома, Бред Пит го имитираше д-р Фаучи и го побиваше претседателот точка по точка за коронавирусот.

Познатата емисија „Сабота вечер во живо“ (СНЛ) пред две недели ја емитуваше својата прва претходно снимена епизода, произведена од домовите на актерската екипа, водителот и музичкиот гостин. Сега тој начин на продукција е новата нормала.

За разлика од премиерата на „СНЛ од дома“, оваа недела во емисијата се појави никој друг туку самиот Бред Пит како д-р Ентони Фаучи, познатиот американски имунолог и шеф на работната група на Белата куќа за коронавирусот.

„Прво, би сакал да им се заблагодарам на сите постари жени во Америка што ми испратија мејлови со поддршка, инспирација и понекогаш со вознемирувачка содржина“, почна Питовиот Фаучи. „Знаете, има многу дезинформации во врска со вирусот. И да, претседателот малку го понесе моментот, па ги батали нашите совети. Затоа вечерва, би сакал да објаснам што се обидуваше да каже претседателот. И, запомнете, сите треба да останеме со отворен ум“.

Во текот на следните неколку минути, „лекарот“ презентираше клипови на кои Трамп лаже за коронавирусот и за активностите на неговата администрација. И за разлика од вистинскиот Фаучи, Пит недвосмислено ги побиваше еден по еден.

Кога Трамп рече дека ќе има вакцина „релативно наскоро“, рече „Фаучи“, „во однос на целата историја на Земјата, секако, вакцината ќе дојде навистина брзо. Но ако сакате да му кажете на некој пријател, „Ќе дојдам релативно наскоро“ и потоа му се појавите по година и пол, вашиот пријател може да биде релативно изнервиран“.

Кога Трамп рече дека вирусот ќе „исчезне“ како некое „чудо“, рече „Фаучи“: „Кој не сака чуда? Но чудата не треба да бидат планот А“.

А потоа дојде на ред последната сугестија на Трамп дека УВ-зрачењето во организмот или инјектирањето средства за дезинфекција може да биде ефикасен лек. Сè што можеше „Фаучи“ да стори на тоа беше да се удри со дланката по лице и да каже: „Знам дека не треба да си го допирам лицето, ама…“

Сè додека претседателот не го отпушти, вети „Фаучи“: „Јас ќе бидам таму, изнесувајќи ги фактите за секој што слуша. А кога ќе чујам нешто како - вирусот може да се излечи ако секој го изведе предизвикот со средство за дезинфекција, јас ќе бидам таму да кажам: 'Ве молам немојте'“.

Вадејќи ги очилата и периката, Пит престана да имитира и рече: „До вистинскиот д-р Фаучи, благодарам за вашата спокојност и за вашата јасност во ова необично време. И благодарам до медицинските работници, итните служби и нивните семејства што се на првите линии“.

„А сега, во живо (као) од цела Америка. Сабота вечер е“.

Објавено

Недела, Април 26, 2020 - 16:22

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе