Кецот

„Блејд ранер“ се случува во ноември 2019. Па каде се нашите летачки автомобили!?

Ајде да го споредиме реалниот ноември 2019 година со оној замислениот во „Блејд ранер“.

Во 1982 година режисерот Ридли Скот го облагороди светот со „Блејд ранер“, омилениот култен научнофантастичен филм ноар што насликува шокантна слика за една мрачна, далечна иднина: ноември 2019 година.

Тој ноември почна пред пет дена, па ај да ги споредиме нашиве сегашни прилики со оние во „Блејд ранер“.

Бидејќи веќе помина предолго време за да се пазиме од спојлери, дејството на „Блејд ранер“ во суштина се врти околу бунтовничките репликанти: свесни, хуманоидни суштества слични на роботи, кои биле изградени за да работат на вонпланетарните колонии. Во комплет со напредниот генетски инженеринг, вештачката генерална интелигенција, летачките автомобили и редовните вселенски патувања, се чини дека филмот генерално е преоптимистички кога станува збор за технолошкиот развој.

Од аспект на вештачката интелигенција и роботиката (ајде за да ги упростиме работите, да заклучиме дека репликантите се роботи) ние сè уште сме длабоко заглавени во необјаснивото. Мислам, само погледнете ја Софија, која честопати се истакнува како еден од најнапредните, „животолики“ хуманоидни роботи што постојат денес.

Репликантите, исто така, требаше да бидат врвот на генетскиот инженеринг - додека Блејд Ранер од 2019-та има бионички очи спремни за на пазар и други кул модификации на телото, ние сме заглавени во 2019-тата во која нашата верзија на генетско експериментирање е Хе Цјанкуи, злогласниот кинески научник што го користеше КРИСПР за да го модифицира геномот на буквално човечки деца.

Од аспект на превозот, вистинскиот ноември 2019 сè уште се чини дека е децении зад оној ноември 2019 прикажан во „Блејд ранер“. Додека Харисон Форд се развозуваше во летачки автомобил, кај нас извршниот директор на Тесла, Илон Маск, гради пикап-камиони за кои вели дека ќе изгледаат блејдранеровски.

Инженерите се приближуваат до персонализираниот авионски превоз, но тоа во голема мера е во форма на експериментални такси-летала што се далеку од потрошувачки поволни - а немаме ни градови со инфраструктура за летачки автомобили, така што нема ни многу поента да ги градиме.

Очекувањата VS реалноста

Патувањето надвор од Земјината атмосфера е подеднакво далечно - Вирџин галактик вели дека кај и да е ќе биде подготвена за потрошувачко вселенско летање, но тоа реално зависи од тоа каде ја ставате границата помеѓу Земјата и вселената.

И, се разбира дека сè уште нема вонпланетарни колонии.

Сè на сè, еден брз поглед кон светот денес покажува дека сме прилично далеку од футуристичкиот свет во ноември 2019 година онаков каков што го замисли Ридли Скот.

Ај па барем точно го погодивме уништувањето на животната средина.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе