„Бегство од Шошенк“ прогласен за најдобар филм во минатите 30 години

Тоа е едно од оние нешта за кои досадните луѓе бескрајно се расправаат, како да не знаат дека дефинитивен одговор никогаш не може да се постигне - кој е најдобриот филм на сите времиња?

И иако сè уште не може да се даде дефинитивен одговор на ова прашање, сега го имаме најдобриот филм во последните 30 години избран од луѓето што одговориле на анкетата на Шоукејс синемас... што во основа е истата работа.

„Бегство од Шошенк“ изби на врвот, слично како и по грешка затворениот бегалец Енди Дуфрен (Тим Робинс), „човекот што лазеше низ 500 јарди гомна и излезе чист на другиот крај“. Без сомнение, целиот тим на Шошенк ќе ја прослави оваа последна награда исто толку срдечно колку и своите седум номинации за Оскар.

На второто место дојде Титаник, додека Форест Гамп ја премина линијата трет.

Првите десет се:

1. Бегство од Шошенк

2. Титаник

3. Форест Гамп

4. Паркот Јура

5. Шиндлеровата листа

6. Кралот лав

7. Умри машки

8. Евтини приказни

9. Денот на независноста

10. Гладијатор

Во анкетата, исто така, гласачите требаше да ги изберат и своите омилени актери, актерки и франшизи од изминатите три децении, при што Том Хенкс е на местото број еден во актерската категорија. Всушност, тешко е да се биде против Хенкс, кој ја докажа својата разновидност во текот на долгата и блескава кариера.

Џони Деп, кој, наводно, го шутнаа од Пиратите од Карибите, може да се теши со изборот на анкетираните на Шоукејс синема, бидејќи е втор најдобар актер во последните триесет години. Во меѓувреме, Морган Фримен може да отвори уште едно шише шампањ откако беше изгласан на третото место.

Еве ја целосната листа:

1. Том Хенкс

2. Џони Деп

3. Морган Фримен

4. Леонардо ди Каприо

5. Лиам Нисон

6. Идриз Елба

7. Мајкл Кејн

8. Том Круз

9. Семјуел Л. Џексон

10. Џорџ Клуни

Нормално, Џуди Денч беше прогласена за број 1 актерка - жената е дама, се разбира дека ќе победи.

Целосната листа е како што следува:

1. Џуди Денч

2. Џулија Робертс

3. Мерил Стрип

4. Кејт Винслет

5. Камерон Дијаз

6. Џенифер Лоренс

7. Хелена Бонам Картер

8. Анџелина Џоли

9. Никол Кидман

10. Натали Портман

Хари Потер е избран за број еден франшиза.

Еве ги првите десет:

1. Хари Потер

2. Господарот на прстените

3. Џејмс Бонд

4. Приказна за играчките

5. Ѕвездени војни

6. Џејсон Борн

7. Пиратите од Карибите

8. Игри на глад

9. Шрек

10. Одмаздници

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе