Олдрин беше еден од пилотите на легендарниот вселенски лет Аполо 11 во 1969 година, кога стана еден од првите двајца луѓе што чекореле на Месечината, по командантот на мисијата, Нил Армстронг.
Поранешниот пилот рече дека тој и новата сопруга Анка Фаур биле „возбудени како тинејџери што побегнале“.
Тој е еден од само четворицата живи луѓе што чекореле на Месечината.
Олдрин на Твитер сподели фотографии од нивната церемонија во Лос Анџелес.
On my 93rd birthday & the day I will also be honored by Living Legends of Aviation I am pleased to announce that my longtime love Dr. Anca Faur & I have tied the knot.We were joined in holy matrimony in a small private ceremony in Los Angeles & are as excited as eloping teenagers pic.twitter.com/VwMP4W30Tn
— Dr. Buzz Aldrin (@TheRealBuzz) January 21, 2023
„На мојот 93-ти роденден и на денот кога ќе бидам почестен од Живи легенди на авијацијата, со задоволство можам да објавам дека јас и мојата долгогодишна љубов д-р Анка Фаур се венчавме“, напиша тој на Твитер.
Д-р Фаур (63), која има докторат по хемиски инженеринг, е извршна потпретседателка на компанијата на г. Олдрин, Баз Олдрин венчрс.
Фото: ЕПА
Во 1969 година, околу 600 милиони луѓе следеа како Нил Армстронг и Баз Олдрин стануваат првите луѓе што чекореле на Месечината како дел од мисијата Аполо 11. Во тоа време тоа беше најголемата телевизиска публика во историјата.
Речиси преку ноќ Олдрин стана едно од најпознатите имиња на планетата - месеците што следуваа беа набиени со медиумски настапи, фотосесии и говори на свечени вечери.
Фото: ЕПА
„Не мислев толку многу што ќе дојде потоа“, изјави Олдрин за Лос Анџелес Тајмс во 2001 година. „Не бев толку подготвен и не ми беше пријатно да бидам толку многу фрлен пред очите на јавноста“.
Пред славното слетување на Месечината Олдрин управувал борбени авиони во борбените мисии на американските воздухопловни сили за време на војната во Кореја.
Во 2018 година тој го основа непрофитниот Институт за Човечки вселенски летови.