Американските ѕвезди до судиите за абортусот: „Фак ју!“

Американските ѕвезди ги здружија силите за да протестираат против враќањето на забраната на абортусот, додека Били Џо Армстронг рече дека ќе се откаже од американското државјанство.

Фото: ЕПА

Оливија Родриго ја повика пејачката Лили Ален на сцената за време на нејзиниот настап во Гластонбери во саботата за да го отпеат хитот од 2009 година „F**k You“ како одговор на одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи пресудата на Ро против Вејд. Американската пејачка Оливија (19) рече дека е „скршена и исплашена“ од пресудата со која се укинува уставното право на абортус во САД, што значи дека поединечните држави можат да одлучуваат дали абортусот може да биде незаконски.

Во меѓувреме, пејачот Били Џо Армстронг од Грин деј на концерт во петокот вечерта во Лондон рече дека „се откажува од американското државјанство“, и според сѐ, тој е само еден во низата музичари што јавно ја осудуваат одлуката на Врховниот суд на САД.

„Има премногу еб**и глупости во светот“, рече Џо Армстронг.

Оливија рече: „Скршена сум и згрозена од пресудата бидејќи толку многу жени и девојки ќе умрат поради неа и сакам оваа следна песна да им ја посветам на петте члена на Врховниот суд што на крај ни покажаа дека навистина не им е гајле за слободата“.

Поп-ѕвездата Лили (37) покажа среден прст на сцената и му порача на судот дека ја осудува нивната одлука.

Американскиот Врховен суд ја укина уставната заштита за абортусот што беше во сила речиси 50 години и одлучи да ја поништи пресудата Ро против Вејд од 1973 година и да им ја врати моќта на поединечните држави да одлучуваат дали ќе ја дозволат постапката или не.

Пресудата значи дека поединечните држави сега имаат моќ да одлучат дали да го забранат абортусот. Одлуката значи дека жените со несакана бременост во многу делови на Америка сега ќе се соочат со патувања во други држави каде што постапката сè уште е легална и достапна.

Во обраќањето пред Белата куќа, претседателот Џо Бајден рече дека ова е „тажен ден за судот и за државата“ и ја нарече одлуката на Врховниот суд срамна. Тој го обвини судот за „одземање на уставните права на толку многу Американци“. Бајден вети дека неговата борба за правото на абортус „не е завршена“ и рече дека неговата администрација ќе стори сѐ што е во нејзина моќ да се бори против напорите за ограничување на можноста на жените да патуваат во други земји заради абортус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе