Алек Болдвин ќе биде обвинет за смртоносното пукање на снимањето на „Раст“

Глумецот Алек Болдвин ќе биде обвинет за ненамерно убиство за застрелувањето на кинематографката Халина Хачинс, која ја уби на филмски сет кога пукна од пиштол-реквизит.

Фото: ЕПА

Болдвин вежбал сцена за вестерн-филмот „Раст“ кога се случило пукањето на ранч во близина на Санте Фе, Њу Мексико, во октомври 2021 година.

Хана Гутјерез Рид, одговорната за оружјето на филмот, исто така ќе биде обвинета за ненамерно убиство.

Ниту еден од нив не ги коментираше обвиненијата.

Во четвртокот, окружната обвинителка на Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, соопшти дека против двајцата ќе бидат поднесени обвиненија до крајот на месецов.

„Актерот и продуцент Алек Болдвин и задолжената за оружјето Хана Гутјерез-Рид ќе бидат обвинети по две точки за ненамерно убиство“, се вели во соопштението. „Утврдив дека има доволно докази.“

„Додека сум јас на должност, никој не е над законот и сите заслужуваат правда“, рече таа.

Обајцата се соочуваат со 18 месеци затвор и парична казна од 5.000 долари доколку бидат осудени. Ним ќе им суди порота, соопштија обвинителите.

Филмскиот режисер Џоел Соуза, исто така, беше ранет во престрелката, но обвинителите соопштија дека нема да бидат покренати обвиненија во врска со тоа.

По пукањето, Болдвин рече дека пиштолот бил дефектен. Тој додаде дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот и не знаел дека во него има куршуми.

„Не знам што се случи на тој сет. Не знам како тој куршум стигна во тој пиштол. Не знам“, рече тој во декември 2021 година.

Во октомври, 64-годишниот актер и продуцентската куќа на филмот постигнаа спогодба за непозната сума со семејството на г-ѓа Хачинс.

Тоа се случи откако сопругот на кинематографката, Метју, поднесе тужба за неправедна смрт во која се наведува дека биле прекршени стандардите на индустријата.

„Сите ние веруваме дека смртта на Халина била страшна несреќа“, рече г. Хачинс тогаш. „Јас немам интерес да се впуштам во обвинувања или припишувања вина“.

Продукцијата на филмот требаше да продолжи оваа година, со г. Хачинс како извршен продуцент.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе