Дупло повеќе од лани!

7-годишно јутјуберче годинава заработило 22 милиони долари

Седумгодишно момче што на Јутјуб си игра со играчки и ги рецензира заработило неверојатни 22 милиони долари само во 2018 година.

Рајан дојде на првото место на листата на Форбс на годинашниве 10 најплатени јутјубери во светот.

Младото момче, чие презиме и локација во САД не се објавени за да се заштити неговата приватност, од осмото место минатата година се искачи на број еден годинава.

Рајан на годинешнава листа надмина голем број славни јутјубери, победувајќи ги 21-годишниот актер и јутјуб-личност Џејк Пол, мејкап-артистот Џефри Стар и шведскиот гејмер Феликс Кјелберг - кој е најследениот јутјубер со неверојатни 72,5 милиони следбеници.

Според неговата мајка, Рајан некогаш бил страстен гледач на рецензиите за играчки, особено оние што се фокусирале на Возот Томас, пред да побара да отвори свој сопствен канал.

„Еден ден, ме праша: 'Како тоа јас не сум на Јутјуб, кога сите други деца се?' Па ние едноставно решивме - аха, можеме да го направиме тоа'“, изјави неговата мајка, која претпочиташе да остане анонимна, во 2016 за Тјубфилтер.

„Потоа, го однесовме во продавницата за да ја земеме неговата прва играчка - мислам дека тоа беше Лего комплет возови - и сè почна од таму.“

Неговото најпопуларно видео има неверојатни 934.602.459 прегледи.

На видеото Рајан отвора на џиновско јајце Дизни Пиксар Лајтнинг Мекквин, преполно со играчки авиони и автомобили.

Видеата на Рајан станаа толку успешни што тој дури сега има сопствена линија на играчки.

Повеќето од неговите гледачи се деца на возраст од три до седум години, рече татко му минатата година. Поголем дел фанови на Рајан живеат во САД, но многумина живеат во Велика Британија и на Филипините.

Мајката на Рајан, поранешна професорка по хемија во средно училиште, дала отказ на работа за да работи со полно работно време на каналот на нејзиниот син. Нејзиниот сопруг работи како градежен инженер.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе