5 прости докази дека Земјата е тркалезна (ако уште сте до толку глупи да мислите дека е рамна)

До околу 500-тата година пред нашата ера повеќето антички Грци верувале дека нашата планета е тркалезна. Долго време пред тоа, се верувало дека таа е рамна.

Токму во тоа време и сме почнале да ја мапираме траекторијата на Сонцето и на ѕвездите и да ја применуваме математиката во претпоставката дека го отфрламе моделот на диск и го прифаќаме моделот на сфера. И сами може да ги видите доказите за оваа заобленост. Некој ведар ден кога сте на море, само седнете и посматрајте некој брод што плови низ хоризонтот, и ќе видите дека полека го снемува додека тоне во хоризонтот и на крај исчезнува од видик.

Ова е само еден од аргументите на Аристотел (околу 384-322 пр.н.е.), кој можеби бил првиот човек што рекол дека Земјата е тркалезна врз основа на физички докази околу 350 пр.н.е. Значи, какви докази имаат денешниве поборници за рамна Земја за да веруваат во тврдења што се крајно неосновани?

Овие теоретичари на заговор го отфрлаат непобитниот доказ на гравитацијата и наместо тоа го претпочитаат ставот дека ние се наоѓаме на плоча што една мистериозна сила наречена темна енергија го турка нагоре низ вселената. Тие веруваат дека нашата планета е свет во облик на диск, дека Арктичкиот круг му е во центарот, а дека над нашите глави се врти купола од ѕвезди. Меѓу другите апсурди се теориите дека Сонцето е само неколку стотици километри оддалечено од нас, дека Месечината е проѕирна и дека еден огромен магнет под океанот ја контролира плимата. Можеби најшокантниот аспект на теоријата на заговор за рамна Земја е верувањето дека нашата планета е опкружена со огромен леден ѕид од 45 метри на брегот на Антарктикот, кој го држи внатре нашиот океан и нè чува нас да не испопаѓаме од планетава. Теоретичарите на заговорот за рамна Земја не само што го негираат обликот на Земјата, туку го негираат и непобитниот доказ од скоро сите научни докази што го поткрепуваат нашето сфаќање на физиката, математиката и на нашето потекло.

 

Пет најпрости причини зошто знаеме дека Земјата е тркалезна

1. Фотографиите од вселената

Безбројните фотографии направени од сателити, сонди и од Меѓународната вселенска станица ја покажуваат нашата Земја како прекрасна топка, што е убедливо најголемиот доказ дека планетава не е рамна.

 

2. Сенките од помрачувањето на Месечината

За време на затемнувањето на Месечината, Земјата се наоѓа помеѓу Месечината и Сонцето. Сенката што ја фрла нашата планета е видно тркалезна како резултат на нејзината сферична форма.

 

3. Разни видливи соѕвездија

Ако беше Земјата рамна, сите ѕвезди ќе изгледаа исто без разлика каде во светот стоите. Но тоа не е така. Од различни делови на светот може да се видат различни соѕвездија.

 

4. Од поголема висина гледаме подалеку

Колку повисоко се качувате, толку подалеку гледате. Ова е резултат на заобленоста на Земјата. На некоја рамна Земја височината немаше да прави разлика, па немаше да се појави заобленоста.

 

5. Временските зони

Ако Земјата беше рамна, светлината од Сонцето ќе беше насекаде рамномерно распоредена; слично како кога ќе ставите чинија под столна ламба. Ова значи дека немаше да имаме никакви временски зони, ниту ден и ноќ.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе