22 години

Прв проглас Златна бубамара на популарноста: Да се предадеме!

Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава - доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на Златна бубамара на популарноста, пишува во првата објава на оваа манифестација.

„Време е - да се предадеме! - на музика,смеа и работаОткако се оддадовме на лажење, крадење и неверства...

Ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта.

Како народ што си го бара своето, ќе Ве чекаме со камшик и Шик - пик - миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници.

Ве молиме - немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате - за сите вас има по едно „седиште“ во седиштето на Златна бубамара на популарноста.

Од нас добивте 22 години - па кој Ви има дадено повеќе?

ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!

Настанот ќе се одржи во ВИП Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 21 февруари 2019“, пишува во прогласот на штабот за помилување, гушкање и добра забава на Радио бубамара 105,2.

Објавено на

18 Декември 2018 - 07:39

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе