Познатиот стендап-комичар Македонец Влад Илиќ утре ќе гостува во МКЦ во Скопје

Влад Илиќ, Македонецот што ја освојува сцената на стендап-комичари во Лондон, утре за првпат ќе гостува во Македонија, во паркот пред МКЦ во Скопје.

Влад е млад и перспективен комичар што ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „милениец“ од источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супер вкусно комеди шоу со кое од ден на ден станува сѐ попопуларен и баран по комеди-клубовите во Англија.

За неговите квалитети говорат и освоените награди: King of the Gong – Comedy Store Manchester Comedian of the Year – Stand Up Club Soho, London One to Watch – Up the Creek, Greenwich London Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London.

Илиќ беше гостин и на Би-би-си.

Специјален гостин, кој ќе ја отвори вечерта, е Никола Сиљаноски - Братучед, млад и перспективен стендап-комичар од Охрид.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе