Евровизија го коригира гласањето од Белорусија, Тамара на прво место од жирито и седма во конечниот пласман

Нашата претставничка на годинашнава „Евровизија", Тамара Тодевска е сепак на првата позиција според гласовите на жирито и седмопласирана на евровизиското финале.

Според обајвениот извештај на веб-страницата на Евровизија, направен е превид во броењето на гласовите на жирито од Белорусија.

„ЕБУ може да потврди дека по стандардната контрола на резултатите, утврдивме дека како резултат на човечка грешка направен е превид при собирањето на поените. Ова нема никакво влијание на пресметката на поените добиени од „телевоутингот“ на 41 земји-учеснички и на севкупниот победник, како и во редоследот на првите четири песни од натпреварот“, стои на веб-страницата на ЕБУ.

Веста ја сподели и Тамара Тодевска на нејзиниот фејсбук профил.

„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите“, пишува Тамара.

 Според резулатите од гласањето на жирито и од „телевоутингот“ на 41 земји-учесничка на изборот за песна за Евровизја за 2019 што се одржа во саботата во Тел Авив, Израел, за севкупен победник беше прогласен претставникот на Холандија, а тогаш нашата претставничка Тамара се пласираше на осмото место.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе