Фронтменот на Редиохед

Том Јорк за брегзитот: „Акција достојна на раните денови на Третиот рајх“

Фронтменот на Редиохед, Том Јорк, го опиша раководењето на Тереза Меј со брегзитот како „акција достојна на раните денови на Третиот рајх“, алудирајќи на нацистичка Германија.

Во пост на Твитер Јорк ја нападна британската премиерка поради неизвесноста што ја предизвикал брегзитот и „стресот“ што го создал кај европските граѓани што живеат во Обединетото Кралство.

„Никој не те изгласа за да ја вовлекуваш во хаос оваа земја во безброј форми за да ги заплашуваш нејзините граѓани и парламент.

Никој не те изгласа за да ги доведеш во прашање животите на милиони Европејци како алатка за преговарање, предизвикувајќи огромни стресови и страдања, акција достојна за раните денови на Третиот рајх.

Никој не те изгласа за да го турнеш овој црвен автобус преку карпа со патници што врескаат на задните седишта. Ништо од ова не е израз на демократијата за која тврдиш дека ја поддржуваш. Стравот не е оружје што го користи британски премиер во 21 век.

Запри го автобусот ... веднаш“, напиша Јорк.

Британија се подготвува да ја напушти Европската Унија на 29 март, иако договорот за брегзитот допрва треба да биде склопен.

Јорк е гласен критичар на брегзитот уште откако во 2016 година победија поборниците за заминување, и повикува да се распише втор референдум.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе