Прво ѕирнување во Игра на престолите 8

Обожавателите на ТВ-серијалот Игра на престолите вчера беа возбудени до бесвест откако Ентертејнмент викли им пушти фотка од Денерис и Џон Сноу.

За драмата да биде поголема, фотката беше наречена „првата официјална фотографија од последната сезона на Игра на престолите!“, со извичници, со сè.

„Добијте ги ексклузивните детали од најневеројатното финале во ТВ-историјата во нашиот текст за снимањето на Игра на престолите“, напиша ЕВ на Твитер и ја приложи фотката.

Сè уште не се знае датумот на премиерата на осмата сезона, ама се знае дека ќе биде некогаш во 2019 година.

Игра на престолите стварно знае да направи драма.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе