На холивудската актерка ѝ се закануваат до 20 години затвор поради поткуп

Актерката Фелисити Хофман и 12 други богати родители ќе се изјаснат за виновни за подмитување за да ги запишат своите деца на факултет, пренесе Си-ен-ен.

Според обвинението, актерката Хофман, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ уплатила 15.000 долари на лажна добротворна организација поврзана со Рик Сингер за да овозможи местење на резултатите на примените тестови за својата ќерка.

На Хофман ѝ се закануваат до 20 години затвор, но поради нејзиното признавање на вина, сојузните обвинители ќе препорачаат најниска казна затвор, парична казна од 20.000 долари и 12 месеци условна казна.

„Целосно ја прифаќам својата вина и со длабоко жалење и срам поради она што го направив, прифаќам целосна одговорност за своите постапки“, изјави актерката во соопштението.

„Се срамам од болката што ѝ ја предизвикав на мојата ќерка, семејството, пријателите, колегите и на образовната заедница. Сакам да им се извинам на сите нив, а особено на оние студенти кои секој ден напорно работат за да се запишат на факултет и на нивните родители кои со големи жртви им даваат искрена поддршка на своите деца“, додаде таа.

Актерката Лори Логлин, од хумористичната серија „Полна куќа“ и нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Мосимо Џанули, сè уште не одлучија да се изјаснат за виновни.

Двојката е обвинета дека на фондацијата на Сингер ѝ платиле дури 500,000 долари во 2016 и 2017 година, со цел таа да ги претстави нивните ќерки како веслачи и да ги вклучи во тимот на Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Двете глумици се најпознатите меѓу 50-те лица обвинети во случајот на поткуп, во кој американската елита со поткуп се обидувала да ги запише децата на престижни американски колеџи.

Првообвинетиот, Вилијам „Рик“ Сингер, според обвинението примил околу 25 милиони долари за да ги поткупи тренерите и вработените во образовните институции, се изјасни за виновен и соработува со властите.

Меѓу универзитетите кои биле цел на заговорниците се Јеил, Стенфорд, УКЛА и Џорџтаун. Обвинението не ги опфаќа учениците ниту образовните институции.

Според обвинителите, родителите на компанијата на Сингер ѝ платиле и до шест милиони долари за да ги лажираат резулатите од примните испити на нивните деца или да ги потплатат тренерите за да им помогнат на децата кои не се бават со спорт да добијат такви стипендии.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе