Реакции на настапот

„Прекрасен глас, импресивен настап, браво Тамара“

Прекрасен глас, импресивен настап, браво Тамара, Македонката растури, изведба за памтење, ги распамети сите, беа реакциите на домашната и светската јавност по синоќешната изведба на Тамара Тодевска на Евровизија во Тел Авив.

Заврши осма, ама не дека е наша, навистина најубаво испеа.

„Уау! Супергорди сме со Тамара по таа изведба!“, објави синоќа Евровизија на социјалните мрежи по настапот на Тамара.

Познатиот пејач на Калчр клаб, Бој Џорџ, уште додека не беше завршен натпреварот порача: „Засега фаворит ми е Македонија!“

А Би-би-си во екот на натпреварот напиша: „Луѓето во моментов бараат летови за Скопје во мај 2020.“

Па порача да баталиме политика: „Додека вие зборувате за географија, ние уживаме во ова“.

„Ние сме многу горди. Јас сум многу горда на мојот тим, на мојата земја. Бидете горди и никогаш не ја кријте вашата големина“, порача Тамара на прес-конференцијата по настапот. 

Македонската песна доби гласови од 36 земји учеснички од вкупно 41 на Евровизија 2019. Најмногу (12) доделија Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија. Десетки дадоа Норвешка, Италија, Унгарија, Хрватска, Ерменија и Данска, а бодови освои и од Португалија (5), Азербејџан (8), Малта (3), Сан Марино (1), Холандија (3), Црна Гора (7), Полска (8), Р. Ирска (5), Романија (7), Австралија (7), Русија (4), Германија (7), Исланд (8), Грција (1), Летонија (8), Чешка (7), Франција (7), Финска (7), Словенија (2).

Ова е најдобар пласман на македонски претставник на изборите за песна на Евровизија од 1998, кога почнавме да учествуваме.

 

 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе