Сити радио приредува карантинска забава на покривот од ГТЦ

Во недела, 17 мај, во зелената градина на Градскиот трговски центар во Скопје ќе се случи забава со најдобрите диџеи, собрани на едно место под мотото „Се собравме за вас“. Музика ќе се пушта од 20 до 23 часот.

Диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби, диџеј Фици со различни битови и стилови на музика ќе приредат забава за љубителите на убавата музика, забавата и танцувањето.

Настанот ќе може да се следи во живо на Јутјуб каналот на  Сити радио или директно на радио фреквенцијата на радиото, 94,7 ФМ.

Иницијативата за собирање на диџеите на едно место е на Сити радио (City Radio). Од радиото велат дека сакаат на посебен начин да им приредат и уникатна забава на сите оние кои седат дома и ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.

Организаторите ги повикуваат жителите на општина Центар да излезат на своите балкони и прозори со транспаренти на кои ќе имаат напишано интересни и позитивни пораки. Целта е тие да бидат снимени и заедно со диџеите да бидат вклучени во настанот кој што ќе се пренесува во живо. Настанот е под покровителство на Градскиот трговски центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност, Идеа лаб.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе