Интервју

Саундеџ: Со задоволство прифативме да бидеме дел од Андерфест

Скопскиот бенд „ Саундеџ " се резервирани за последната вечер на фестивалот Андерфест. Со деби албумот „SounEdge Volume 1" бендот имаше четири синглови, кои котираа на врвот на топ листите на сите мејнстрим радиостаници, а впечатлив настан имаа и на скопскиот фестивал „Скопје колинг 2018".

Бендот е основан во 2014 година и во него членуваат Симеон Спировски и Александар Лазаревски.

„Саундеџ” ќе се претстават на Андерфест 2019 в недела на 7 април 2019 година. Влезот за сите посетители е бесплатен.

Постоите од 2014 година, како се запознавте и како дојдовте до идејата за формирате бенд?

Секогаш е добро кога намерно или случајно ќе се состават две различни енергии, а имаат иста цел - создавање. Секој од нас имал претходно свое уметничко искуство и секако сме имале во себе нешто што созревало и тлеело одреден период па бендот требал да биде она што ќе ни овозможи да кажеме што сме сакале, да направиме што сме сакале и да покажеме што сме морале, а не сме можеле до тогаш. Прво почна како идеја за музички проект, која прерасна во бенд, па се разви во студио и продукција. Идејата почна од Симеон Спировски, на која се приклучи Александар Лазаревски, па потоа се приклучија активно или како поддршка уште доста луѓе. Сега веќе сè функционира во Саундеџ студиото во остварување на спомнатата основна идеја.

Кога го издадовте албумот, каде е сниман и како сте задоволни од тоа како албумот е прифатен од публиката?

Саундеџ Волуме 1 излезе во 2017 како наш прв албум. Го снимивме во студиото ДО РЕ МИ во Скопје. Од тогаш почна вистинското постоење на делото на Саундеџ. Го промовиравме колку знаевме и колку можевме и сме задоволни како пројде кај публиката. Ние всушност си поставивме една тешко можна мисија во во ова време и во вакво општество да го направиме рокот општоприфатен, односно да влеземе со нашата музика на мејнстрим медиумите и да допреме до што поширока публика.. Дали и колку успеавме во тоа не знаеме, ама нема да престанеме да се обидуваме она што е исто така на некој начин интересно е дека интересот кај регионалната публика и на регионалните медиум е поголем отколку тука, со чест на исклучоците на кои сме им навистина благодарни за поддршката. Ама веројатно секогаш било така...

Како ја оценувате алтернативната сцена во Скопје и општо сцената во Македонија?

Уште пред да почнеме со „Саундеџ“ сме дискутирале на ова тема на долго и широко. Без да се лажеме ситуацијата не е добра. Овој тип на музика нема никаква медиумска поддршка, ниту можност за себепромоција, ама па и сме дискутирале за тоа дали има и квалитетни работи, на било кој начин, што се нудат. Кај оваа сцена долги години имаше доста музика, а премалку песни, но виси во воздухот едно чувство дека во последниве години се менува ситуацијата на подобро. Се надеваме дека ќе биде така.

Каде сè имате настапувано и дали можете да издвоите еден настап што ви останал во сеќавање?

Настапот на последниот Скопје Колинг ни беше различно искуство поради големината на сцената, професионалното озвучување, осветлување и сè друго околу организацијата и ни овозможи одлично претставување.

Во април оваа година ќе настапувате на фестивалот Андерфест во Скопје, како дојде до тоа и што мислите за овој тип фестивал, кој трае три дена и кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија?

Целосна поддршка за ваков тип на фестивали. Искрено ѝ се воодушевуваме на идејата и на ентузијазмот за вакво нешто бидејќи апсолутно ни е јасно колку време, труд и пари тоа чини. Со задоволство прифативме да бидеме дел од Андерфест и навистина се надеваме дека ние добро ќе се претставиме и дека фестивалот ќе се одвива и ќе донесе повеќе од тоа што организаторите замислиле, а и дека секоја година ќе расте во секој поглед.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе