Империјата откриена

Правењето на првата трилогија „Ѕвездени војни“ - низ фотографии

Во 1970-тите години Џорџ Лукас почна да работи на филмска трилогија што ќе стане веројатно најголемото холивудско достигнување на модерната ера. Одиме зад сцената со Лукас, Кери Фишер, Харисон Форд и другите од екипата на „Ѕвездени војни“, „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на џедајот“.

„Ѕвездени војни“ (1977)

Постер на прославениот француски уметник Филип Друиле, коосновач на магазинот Метал Херлант со Мобиус.

 

„Ѕвездени војни“ (1977)

Ричард Едланд го подготвува готовиот модел на Милениум фалкон за снимање со камерата Дикстрафлекс на сцената на Индустриска светлина и магија. Авторот на моделот, Лорн Петерсон: „Едно време кокпитот требаше да биде моторизиран, така што да може да ротира 90 степени. Лукас имаше идеја бродот да лета како зракоперка, слетувајќи на страна, но при полетувањето телото да ротира и кокпитот да остане на истата положба“.

 

„Ѕвездени војни“ (1977)

Песокот им ја отежни работата со костимот на Си-Трипио на операторите на ефектите - и на актерот Ентони Даниелс.

 

„Ѕвездени војни“ (1977)

Напад на империјален авион врз бунтовнички ловец. Џорџ Лукас: „Секогаш во главата ми се појавуваат слики и едноставно морам да ги направам тие сцени. Имам огромен нагон да ја добијам таа прекрасна снимка од два вселенски брода, едниот пука во другиот, додека возат низ вселенската тврдина. Таа слика е во мојата глава и нема да се смирам додека не ја видам на екран.“

 

„Ѕвездени војни“ (1977)

Харисон Форд, Питер Мејхју, Марк Хамил и Кери Фишер се зезаат во пауза меѓу снимање. Харисон Форд рече: „Џорџ нè одбра нас четворица - Марк Хамил, Алек Гинис, Кери и мене - како група. Ако не ме земеше мене, да речеме, веројатно немаше да ги земе ни другите два-тројца. Мислам дека тоа чувство на меѓусебен спокој се гледа на екранот“.

 

„Ѕвездени војни“ (1977)

Првиот цртеж на најавната лента со која почнува филмот, нацртан од Алекс Тавуларис. Ова е инспирирано од лентите со кои почнуваа старите филмски серијали со Флаш Гордон од 1930-тите.

 

„Ѕвездени војни“ (1977)

„Ласерски дуел“ на Ралф Меквири (14-15 февруари 1975) го илустрира судирот меѓу Дик Старкилер и Дарт Вејдер, раскажана во втората верзија на сценариото. Сценскиот дизајн на Меквири беше точно ископиран токму за сцената на Бунтовничкиот пробивач на блокади поставена во последен момент.

 

„Империјата го возвраќа ударот“ (1980)

Аниматорите Фил Типет и Џон Берг ја креираат битката за Хот на дрвени плочи.

 

„Империјата го возвраќа ударот“ (1980)

Марк Хамил, Џорџ Лукас, Кери Фишер и Харисон Форд. Џорџ Лукас: „Моите филмови имаат тенденција да промовираат лична самопочит, став 'можеш ти тоа'. Нивната порака е: 'Не ги слушај сите други. Откриј ги сопствените чувства и следи ги. Тогаш можеш да совладаш сè.“

 

„Враќање на џедајот“ (1983)

Површината на Ѕвездата на смртта се снима со камера Дикстрафлекс, под контрола на Ричард Едланд (клечи), а камерманот за ефекти Бил Нил е зад него.

Објавено

Среда, Декември 5, 2018 - 15:44

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе