Ново видео за новата песна на Мијата

Денес официјално излезе видео записот за песната Маска која ја изведува Мијата. Оваа песна стана дел од радискиот етер уште пред еден месец, а сега се здоби и со спот. Покрај автор на музиката и текстот на песната Маска, Мијата се јавува и како режисер на ова уникатно видео издание.

Додека аудиото соработката беше со Дамир Пух и Наташа Миха, за видеото да биде како што е голема заслуга имаат танчерките од денс студиото Dancers United, и нивната кореографка Сара Кочан. Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production.

Мијата неизмерно смело настапува во своите творби како музички /текстуално така и визуелно.

На својата фејсбук страница  таа  напиша: „Драги мои, повелете уште едно видео издание - овој пат официјалниот спот за песната Маска. Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства. Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето... Сега задоволството е заедничко“.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе