Ново, 23 издание на Златна бубамара - Нема правда, има Бубамара!

Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари - Нема правда, има Бубамара. Вака од штабот на оваа најпопуларна манифестација го најавуваат новото, 23 издание на манифестацијата.

„Имаме милион и пол  причини  да дојдеме и заедно да уживаме  со најголемите  музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди  Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други од позади. Дојдете со вашите ташни, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК! Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво. Рочиштето е закажано во четврток 27 февруари во арена Борис Трајковски. Нема правда, нема пара, ама има Бубамара“, велат од штабот.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.

Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе