Интервју

Крул: Чувствуваме дека има уште многу музика во нас, се гледаме на Андерфест Скопје!

Крул е алтернативен рок бенд формиран во 1996 година во Скопје од страна на гитаристот и вокал Новица Василевски и тапанарот Трифун Јосифовски. Составот e надополнет со бас гитара Николовски Николче Ниџо. Бендот активно свири од 2002 година со преку 20 свои авторски песни и настапи на поголемите фестивали во земјата. Крул ќе настапат во петок, 5 април 2019 година, на фестивалот UNDERFEST Скопје

Кога е формиран бендот?

Cruel е формиран во летото 1996 год или лето Господово 96-то, хаха.

Во вашата музика има големо влијание од музиката во деведесеттите. Кои беа бендовите кои влијае на вас и вашата музика?

Па ќе почнам со ред: Nirvana, Green day, Offspring, Pearl Jam, EKV, Sonic Youth, Arhangel, Therapy, Nofx, Hladno pivo, Toy dolls.

Сите настапи си имаат своја убавина, но кој настап ви е најдраг и ви останал во најголемо сеќавање?

Иако сме свиреле на многу свирки, дефинитивно би го издвоиле финалето на Поп-рок фест во 2000 година.

Активно работите до 2002 година, зошто прекинавте со работа?

Свирењето секогаш беше наш начин да се изразиме и кажеме што мислиме и чувствуваме. Тоа е рокенрол.

Да искочиш на сцена и да кажеш што имаш. Ние никогаш на тоа не гледавме како на работа.

Веројатно ни се случи тоа што им се случува на сите млади луѓе во земјава. Ние избравме да паузираме и да се посветиме на нешто друго.

Се враќате на сцена оваа година и тоа со настап на фестивалот UNDERFEST во Скопје. Дали можете да ни кажете нешто повеќе за тоа?

Чувствуваме дека има уште многу музика во нас. Сакаме да ја пренесеме таа порака. Музиката нè спојува сите и тоа е нешто што не остаре во нас.

Што мислите за алтернативната сцена во овој момент? Дали можете да направите некоја споредба со сцената во деведесеттите кога вие свиревте и настапувавте? Како беше тогаш и како е сега?

Мислиме дека сега има помалку бендови. Сите случувања во државата ги гушат младите луѓе. Во деведесеттите, имаше повеќе свирки, случувања, барем така мислиме. Луѓето беа посреќни. Си ја гледаа својата работа и живееја. Музиката беше начин на живот, а не работа што ја правиш. Затоа е добро што на Скопје му се случува Андерфест. Потребни се повеќе такви настани каде ќе можат младите луѓе да се изразат.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе