Битолски инди/поп-рок прогресивци

Фосфен на 6 април на фестивалот Андерфест во Скопје

Фосфен се инди/поп-рок прогресивци од Битола, основани во 2016 година. Имаат одржано повеќе настапи на алтернативната сцена низ Македонија и издадено нивното деби ЕП „Cardboard Covers“. Тие ќе настапат на 6 април на фестивалот UNDERFEST во Скопје.

Кога е формиран Фосфен и кои членови го сочинуваат?

Летото 2016 почнавме да се занимаваме со правење авторска музика, до крајот на септември настапивме со нашата прва свирка. Бендот првично беше составен од Огнен Мучкајев, Дарко Симоновски и Христијан Таков, кој потоа беше заменат со Петар Ѓалевски поради преселбата на Христијан во Словенија. До крајот на летото 2017 се направи уште една измена за Петар, поради преселбата на Огнен и Дарко во Скопје, така што Христијан Петровски почна да учи тапани и да го учи веќе снимениот материјал.

Имате издадено едно EP досега, ве молам да ни кажете нешто повеќе околу ова ваше издание?

ЕP-то беше планирано да биде издадено уште во 2017 година, но поради неочекувани проблеми и обврски од страна на членовите на бендот тоа беше издадено следната година, односно 16 април 2018.

Свирите инди рок, кои бендови и личности имаат најголемо влијание на вашата музика?

Има многу бендови од различни жанрови што влијаат на нашата музика како blink-182, Smashing Pumpkins, Sunny Day Real Estate, Weezer, DIIV, поранешниот битолски бенд „Мазно, ама не е” и многу други бендови :)

Каде сè имате настапувано досега?

Претежно Битола и Скопје, сме свиреле еднаш во Прилеп и Виница.

Ќе бидете дел од првото издание на фестивалот Андерфест, како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивали?

Не правиме многу често свирки и би било интересно да свириме на нов фестивал со многу наши македонски бендови :)

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе