„Вистинската личност со вистинската порака за рамноправност“

Форбс: Тамара дефинитивно го запозна светот со малата преименувана земја

Тамара Тодевска го освои осмото место на Евровизија 2019, со вкупно 295 поени (најголем успех досега!), објави Форбс. Американскиот медиум вели дека Тамара ја направи Македонија „PROUD“ со својата извонредна изведба.

Песната носи силна порака, вели Форбс. Иако видеото ги става во фокусот девојките и жените и многумина го сметаат за феминистичка химна, Тамара објаснува дека „Горда“ е песна за сите на кои им било кажано да наведнат глава, да ги следат општествените правила што немаат смисла во 21 век.

„За Македонците, гледањето на натпреварот за песна на Евровизија година беше навистина емотивен ролеркостер. Северна Македонија водеше поголем дел од гласањето од жири-комисиите. Обединетото Кралство, Австрија, Србија, Албанија, Данска и Швајцарија ѝ дадоа по 12 поени на Тамара. Со својата порака за моќта, песната јасно „ја погоди целта“ и беше фаворит за многумина - дури и за Бој Џорџ.

„Сега кога Тамара ја направи малата преименувана земја (сега се вика Северна Македонија) дефинитивно позната на светот и се врати дома, разговаравме со неа за работите што ги дознала од целото искуство, вели Форбс.

'Овој момент го чекав цел живот. Имав шест години кога Карола од Шведска победи на натпреварот за песна на Евровизија во Италија и се сеќавам дека им кажав на моите родители - еден ден јас ќе настапам исто како неа. Да бидам на таа бина, да пеам песна што ми значи толку многу и да ја имам поддршката што ја имав беше навистина нешто што никогаш нема да го заборавам. Претпоставувам дека најголемата лекција што ја научив е да се опкружам со вистинските луѓе. Никогаш немаше да го постигнам тоа без поддршката од мојата неверојатна екипа, научив и да верувам повеќе во себе. Пеам од 6-годишна возраст и толку многу луѓе ми рекоа дека никогаш нема да бидам доволно добра, дека нема да бидам успешна и дека никогаш нема да успеам во животот и во еден момент од мојот живот им верував. Сега знам дека прво треба да верувате во себе'.

'Се гордеам со себе, горда сум со моето неверојатно семејство и со сите што веруваа во мене, дури и во моментите кога јас не верував. Горда сум што имам толку многу неверојатни луѓе околу мене и што ме поддржуваа. Но најмногу се гордеам со тоа што ја направив горда мојата земја и тоа ми значи најмногу во светот'.

Од маркетиншка гледна точка, вели Форбс, Северна Македонија дефинитивно ја имаше „вистинската порака, вистинската личност, вистинското време“. Сепак, парите секогаш се проблем за малите земји во развој.

„Со оглед на тоа што доаѓаме од една мала земја, нашиот буџет е значително помал, така што моравме да бидеме многу креативни кога станува збор за промоцијата и мислам дека направивме прекрасна работа. Во почетокот никој не веруваше во нашиот тим, но по второто полуфинале, сите знаеја дека сме тука за да ја обележиме Евровизија и сите ни аплаудираа за успехот“, вели Коста Петров, задолжен за односи со јавноста и маркетинг.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе