Андреа со песната „Кругови“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022 во Торино

Андреа Коевска е овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија.

Во конкуренција од шест композиции,„Circles“ доби најголем број гласови од жири комисијата.

Гледачите и интернационалното жири одбраа кој ќе ја изведува македонската песна на Евровизија. Гласањето за гледачите се одвиваше онлајн, преку сајтот на Македонската радио телевизија, која е и организатор на изборот.

Иако Виктор Апостоловски имаше повеќе гласови од гледачите, сепак на крајот имаше изедначен скор со Андреа Коевска. Тука пресудни беа гласовите на стручното жири, па Андреа со композицијата „Circles“ оди во Торино.

Автор на музиката и аранжманот на „Circles“ е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска.

Во националниот избор за песна за „Евросонг 2022" учествуваа и Калина Велковска – Кaly со „LOVE AND LIGHT", Јон Ајдини – Yon Idy, со „DREAMS", Лара Иванова со „FLOWER OF SORROW", Виктор Апостоловски со „SUPERMAN" и Борис Цветановски – Ris Flower, со „FLYING TO BERLIN".

Андреа  на 66-то издание на „Евросонг” ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12-ти мај, а финалето е закажано два дена подоцна, односно на 14-ти мај.

Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико” во Торино.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе