За производите на Космос хер шопс козметикс

Вечерва во Дион промоција на рекламата на бодибилдерот Зафиров и убавата манекенка Миљковиќ

Познатата компанија за козметика Космос хер шопс козметикс вечерва во ресторанот Дион во Скопје ќе ја промовира новата реклама што пред еден месец на повеќе локации низ главниот град ја снимија еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров и убавата манекенка Елеонора Миљковиќ. 

„Космос хер шопс козметикс со големо задоволство ве поканува да присуствувате на промотивниот настан,кој ќе се одржи на 03 Април 2019 година (среда) од 19:00 часот во ресторанот Дион во Скопје. На закажаниот настан ќе се одржи промоција на нашата прва високобуџетна реклама за познатиот бренд на козметички производи Ред уан и Редист наменета и за пазарот во европските земји и во Америка. Рекламата е спој од мажественост и префинета убавина благодарејќи на нашите внимателно одбрани заштитни лица ,четирикратниот вицешампион на Македонија во бодибилдинг Тоше Зафиров и Елеонора Миљковиќ ,една од најбараните модели во моментов во Македонија и пошироко", се вели во поканата на познатата компанија објавена на социјалните мрежи.

„Голема чест, но и голема одговорност е да се соработува со оваа екипа и со така убава и секси жена и професионалец, каква што е манекенката во рекламата. По оваа реклама следуваат уште неколку големи проекти. Никогаш не е доцна да се пронајдете себеси и да пробате ново професионално искуство. Во преговори сум и за глума во филм, но за тоа нема да откривам сега, туку кога ќе се заврши сè. И тоа ќе биде едно големо изненадување од мене, за македонската публика, како и голем успех за нашата земја која секаде на сите мои настапи до сега ја претставувам со големо задоволство и гордост", ни изјави Зафиров кој е заштитно лице на компанија за козметика Космос хер шопс козметикс по снимањето на рекламата. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе