Известувајќи за ураганот Флоренс

Временски прогнозер глумеше борба со силни ветришта, сите му се смеат (ВИДЕО)

Видеото е направено од снимка во живо на Ведер ченел. Долгогодишниот новинар на мрежата, Мајк Сидел, бил на местото на настанот, кога ураганот Флоренс дојде до копното во Северна Каролина, а Сидел беше во епицентарот на катастрофата и едвај се држеше во место.

Или барем се чинеше така сè додека во заднината неколку типови во дуксери не си поминаа најноншалантно и најстабилно на свет.

За жал на Сидел, неговото известување за ураганот беше смешно како хумористичен скеч, особено со неговите коментари „Не може да биде полошо од ова“.

Исто така за жал на Сидел, видеото стана вирално и интернет-коментаторите почнаа безмилосно да го напаѓаат.

Временскиот канал проба да го брани Сидел, ама прилично лошо: „Важно е да се напомене дека двата поединци во заднината одат на бетон, а Мајк Сидел се обидува да се одржи на влажна трева, откако известуваше во живо сè до 1 часот утрово и е несомнено исцрпен“.

Објавено

Понеделник, Септември 17, 2018 - 11:04

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе