Вотката Смирноф се потсмева со Трамп: Направена во Америка, но со руски врски (ФОТО)

Компанијата Смирноф почна нова кампања во која се потсмева со актуелниот американски претседател Доналд Трамп и со неговата администрација.

На билборди низ САД може да се видат плакати со натпис: „Направена во Америка, но со задоволство под заклетва ќе зборуваме за нашите врски со Русија“.

Компанијата со пораката алудира на претседателската кампања на Трамп, која е под истрага поради наводното мешање на руски хакери во изборниот процес.

Инаку сопственик на компанијата Смирноф е британскиот гигант Диагео, кој во Москва го основал Пјотр Арсеневич Смирнов. Семејството Смирнов избегало од Русија за време на Октомвриската револуција во 1917 година.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе