Салватор Мунди

Уметничкото дело на Леонардо да Винчи продадено за рекордни 450 милиони долари (ВИДЕО)

Сликата на Христос стара 500 години се верува дека е насликана од Леонардо да Винчи и е продадена во Њујорк за рекордни 450 милиони долари, пренесе Би-би-си.

Сликата е позната како Салватор Мунди (Спасител на светот).

Тоа е највисока аукциска цена за уметничко дело и предизвика извици и аплаузи во преполната аукциска сала.

Леонардо да Винчи умрел во 1519 и има помалку од 20 негови постоечки слики.

Се верува дека Салватор Мунди е насликана некаде по 1505 година и е единствено дело што се наоѓа во приватна сопственост.

Наддавањето започна со 100 милиони долари, а финалната понуда за делото изнесуваше 400 милиони долари, со таксите достигна вкупна цена од 450,3 милиони долари. Неидентификуваниот купувач беше вклучен во наддавањето преку телефон, што траеше речиси 20 минути.

Сликата го покажува Христос со едната рака крената, а во другата држи стаклена сфера.

Во 1958 година беше продадена на аукција во Лондон за едвај 60 долари.

До тогаш за сликата генерално се сметаше дека е дело на следбеник на Леонардо, а не на самиот Леонардо.

Наводно била дел од колекцијата на кралот Чарлс I од Англија во 1600-тите и потоа се изгубила, но повторно била откриена во 2005 година.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе