Иде астероид во облик на џиновски череп

Удри, слободно

Подобро некогаш отколку никогаш да стигнете на прослава на Ноќ на вештерките: астероид со форма на окезен череп на 11 ноември ќе помине крај Земјата, јавува Лајв саенс, како да ни треба уште еден потсетник дека нашиот гнасен свет некако се претвори во заплет од евтин филм од Б-продукција.

Астероидот широк 610 метри првпат беше откриен пред неколку години, кога „за влакно“ ја промаши нашата планета на Ноќта на вештерките 2015 година, како некаков вселенски морбиден костурски мим. Во тоа време, овој астероид, кој веројатно е смртоносна комета, помина прилично блиску, приоѓајќи ѝ на Земјата на 486.000 километри. Тоа е само 1,3 пати повеќе од растојанието помеѓу нас и Месечината.

И сега овој окезен вселенски Скелетор уште еднаш ќе нè почести со своето присуство на 11 ноември - па се надеваме дека овојпат можеби стварно ќе нè среди.

Според Лајв саенс, астероидот, кои некои научници тотално без фантазија го нарекле 2015 ТБ145, следниот месец најверојатно нема да нè испрати по патот по кој заминаа диносаурусите. Се очекува да помине на 38.600.000 километри од Земјата, што е околу 80 пати подалеку отколку кога нè посети последниот пат.

Ова значи дека за несреќа, или за среќа, во зависност од она што мислите за моменталната состојба на општеството - не се очекува џиновскиот вселенски череп да удри во нашата планета и да смачка сè што постои на неа. Таа не е небесен весник на смртта, кој е тука за да се залета во нашиот свет и да го оконча овој ужасно неуспешен експеримент со човештвото, еднаш и засекогаш.

За тоа ќе мора да почекаме до 2082 година, кога се очекува овој астероид пак да помине крај Земјата. Да се надеваме дека тогашните мал број раштркани луѓе што ги преживеале војните за вода ќе можат да направат пауза од лижењето на влагата од ѕидовите на својот бункер, и ќе го забележат черепот следниот пат кога астероидот ќе нè посети, под услов дотогаш да не е комплетно спржена целата технологија во светот од редовните нуклеарни бомбардирања.

Извор: Вајс

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе