Тајланд бара контрола над филмовите што ќе се снимаат за спасувањето од пештерата

Тајландската воена влада сака да контролира како филмовите ќе го прикажуваат искушението на младите фудбалери и нивното херојско спасување од поплавената пештера, кое го привлече интересот на светот и вниманието на странските филмски работници.

Министерот за култура, Вира Ројпоханарат, рече дека на состанокот на Кабинетот наредната недела ќе предложи формирање специјална комисија за надгледување на продукцијата на филмовите, документарните филмови и видеата поврзани со искуствата на 12-те момчиња и нивниот тренер, кои беа заробени во пештера речиси три недели пред да бидат спасени.

Владината Филмска канцеларија на Тајланд веќе ја регулира продукцијата на филмови снимени во Тајланд од страна на странски компании - ги проверува сценаријата и издава дозволи за снимање, но Вира рече дека комисијата ќе ги надгледува содржините, лиценцирањето и заштитата на приватноста на спасениот тим и нивните семејства.

Вира рече дека пет странски филмски продукциски компании веќе покажале интерес да снимаат филм или документарен филм за спасувањето од пештерата, а некои веќе биле на локацијата за да соберат информации.

„Оваа (приказна) ги има сите вистински елементи“, рече Вира. „Ако зборувате за драма поврзана со филмот, таа има сè. Има загуба, како и славење. Содржината и приказната што таа ја има за еден филм е многу комплетна. Дури и ако не создадете дополнителна драма, овие настани ги имаа сите вкусови“.

Веќе е нарачано да се изработат неколку мурали и скулптури за да ја одбележат епската пештерска авантура. Многумина се фокусираат на Саман Гунан, поранешен тајландски маринец, кој доброволно помагаше во спасувачките напори и загина додека распоредуваше боци кислород во пештерата за да можат момчињата да избегаат. Саман се смета за национален херој.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе