Бродвеј

Светот добива мјузикл за Мајкл Џексон

Се очекува да стигне на Бродвеј во 2020 година.

Кралот на попот е најновата ѕвезда што ќе добие својот бродвејски мјузикл. Се работи на шоу инспирирано од животот на Мајкл Џексон и се очекува да биде готово во 2020 година, според Холивуд рипортер.

Се разбира, музиката за претставата ќе биде извлечена од хитовите на самиот Џексон, почнувајќи од Motown, која ја пееше како дел од Џексон 5, и од целата негова соло-ера, вклучувајќи ги и легендарните албуми Off The Wall, Thriller и Bad.

Книгата за мјузиклот ќе биде напишана од двократната добитничка на Пулицеровата награда Лин Нотиџ, додека „балетскиот доајен“ и добитник на Тони наградата Кристофер Вилдон ќе ја режира и кореографира претставата.

Ќе биде интересно да се види дали фондацијата на Џексон, која ќе биде инволвирана во мјузиклот, ќе спречи да бидат обработени и контроверзните аспекти од неговиот живот (како што се обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца), вели Вараети.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе