РАБОТА ОД СОНИШТАТА

Се бараат вселенски волонтери што два месеци би лежеле во кревет - за 16.000 долари

Спиењето е финалната граница за француските научници што ја проучуваат микрогравитацијата, а тие бараат 24 мажи спремни да јадат и да ги извршуваат сите телесни функции во кревет во текот на цели 60 дена.

Се бараат: млади и здрави мажи во топ форма спремни да лежат на грб и да не прават апсолутно ништо два месеци. Плата: 16.000 евра.

Истражувачите во Вселенскиот медицински институт во Франција го рекламираат она за што би можело да се каже дека буквално е работа од соништата. Тие бараат волонтери што треба да поминат 60 дена легнати на грб за да ги проучат ефектите од микрогравитацијата, состојба на виртуелна бестежинска состојба, пренесува Гардијан.

За научниците од Институтот за вселенска медицина и физиологија, во близина на Тулуз, оваа работа е сериозна.

24-те кандидати што ќе бидат примени - спортски мажи во топ форма на возраст од 20 до 45 што не пушат, немаат алергии и можат да се пофалат со максимален индекс на телесна маса помеѓу 22 и 27 - ќе бидат подложени на серија тестови две недели пред и откако ќе поминат два месеци во кревет.

„Идејата на оваа студија е да се репродуцира бестежинската состојба на Меѓународната вселенска станица (ИСС)“, рече д-р Арно Бек, кој е координатор на експериментот, за 20 минути.

„Во текот на првите две недели нашите научници ќе направат цела серија тестови и мерења на волонтерите. По ова ќе следува период од 60 дена во текот на кои тие мора да останат во кревет, со главата благо наклонета надолу на помалку од шест степени.“

Сето тоа е во името на науката, но тој предупредува дека работата е потешка отколку што звучи и дека од сите оние што се во искушение да се пријават би се очекувало да јадат, да се мијат и да ги вршат сите телесни функции лежејќи во кревет. „Правилото е цело време барем едното рамо да биде во допир со креветот или со неговата рамка.“

Последните две недели ќе се поминуваат во „заздравување“ и подложување на понатамошни тестови за утврдување на последиците од недопирањето цврста земја цели два месеци.

Бек вели дека експериментот е со цел да се согледаат штетните ефекти на продолжената бестежинска состојба на човечкото тело и да се најдат начини за борба против нив.

„Во одредени услови кардиоваскуларниот систем е погоден и не е способен да го прави истиот напор како и пред експериментот. Дури гледаме и поголема тенденција кон паѓање на крвниот притисок и вртоглавица.“

Како и астронаутите што поминуваат долг период во вселената, волонтерите ќе доживеат мускулна загуба во долниот дел од телото, намалување на густината на коските и ќе им биде тешко да застанат на нозе, вели тој.

Секој што ќе падне во искушение да ја отспие финалната граница, може да се пријави тука.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе