Џими Кимел реагира на шпекулациите за бременост

„Само уште тоа ни требаше, уште еден Трамп, кој демне и планира да се кандидира во 2048“ (ВИДЕО)

Водителот го сподели својот став за сугестијата на Мајкл Авенати дека Трамп можеби ѝ платил на својата бремена љубовница да молчи.

Кимел изгледаше особено заинтересиран за новата потенцијална бомба од адвокатот на Сторми Даниелс, Мајкл Авенати, кој во четвртокот објави дека тој им е адвокат на уште три жени, кои Трамп наводно се обидел да ги исплати, меѓу кои и една чија наводна мотивација била „загриженост за бременоста“.

„Ох, одлично“, рече Кимел. „Само уште тоа ни требаше, уште еден Трамп во светот, кој демне и планира да се кандидира во 2048 година.“

Реагирајќи на информациите дека Трамп можеби е „загрижен дека новите откритија за неверство може да влијаат на неговиот брак“, Кимел праша: „Можете ли да замислите Меланија да го остави Доналд Трамп додека е на власт? Што ако мора да ѝ ја даде Белата куќа во разводната постапка? Како ќе функционира тоа?“

„А знаете, ако се разделат, тој нема да седи мирен“, продолжи тој. „Ќе оди на љубовни состаноци. Ќе биде као 'Знаеш што? Мислам дека можеби ќе треба да направам државна посета на Шведска, да средам неколку работи таму'“.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе