„ГИ ПРЕКРШУВА ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ“

Русија го блокира порносајтот Брејзерс зашто ја „оштетува човечката психа“

Руската влада го блокираше порносајтот Брејзерс со објаснување дека неговата порнографска содржина има „длабоко негативно влијание врз човечката психа“.

Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор во вторникот го стави сајтот на црна листа, блокирајќи го пристапот до него од руските сервери, објавија локалните медиуми.

Овој потег следува откако Окружниот суд Болшеглушитски во рускиот регион Самара во октомври 2016 година пресуди дека порнографската содржина на Брејзерс има „исклучиво негативно влијание врз човечката психа“ и „ги прекршува правата на граѓаните“. Случајот беше даден на суд од локалните обвинители, кои работат „во интерес на Руската Федерација“.

Брејзерс сè уште ја нема прокоментирано одлуката.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе