Во 21 век

Рубенс против Фејсбук поради уметничката голотија

Веќе четири века, раскошните, бујни голотии на Петер Паул Рубенс се познати по шокирањето и восхитувањето што некогаш и подеднакво ги предизвикуваат. И сега некако, дури и во 2018 година, неговите барокни слики го брануваат интернетот.

Белгиските музеи се обединуваат во знак на протест против Фејсбук, бидејќи не можат да ги промовираат фламанските мајстори, вклучувајќи го и Рубенс, затоа што Фејсбук според своите правилата за содржината за возрасни на социјалните медиуми автоматски ги цензурира.

„Голите гради и задници насликани од нашиот уметник ги сметате за несоодветни. Забележавме дека Фејсбук постојано ги отфрла уметничките дела од нашиот сакан Петер Паул Рубенс“, му напишаа повеќе од десетици врвни белгиски уметници на извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг.

Туристичкиот одбор „Посетете ja Фландријa“ дури направи и подбивно видео во кое чуварите ги спречуваат посетителите да ја гледаат голотијата во Музејот Рубенс хаус, а еден дури ги шири рацете пред сликата на Адам и Ева, каде што библиските ликови се покриени само со смоквин лист. Наместо тоа, ги пренасочуваат на други слики каде што сите се соодветно облечени.

Поентата е јасна, се надеваат тие.

Фејсбук вели дека ги разбира проблемите на уметниците. Но дури и ако дозволи да бидат објавени слики како оние од Рубенс, има порестриктивни правила кога станува збор за рекламирање што „не смее да има содржини за возрасни. Ова вклучува голотија, претстави на луѓе во експлицитни или сугестивни позиции, или активности што се пресугестивни или сексуално провокативни“.

Двете страни договориле состанок за да разговараат подетално за ова.

Сепак, цензурата не би му била чудна на самиот Рубенс. На крајот на краиштата, римокатоличката црква во негово време веќе побарала од него да нацрта облека врз делови од телото на неговата Венера, иако тој го претпочитал природниот изглед на мускулите, кожата и масното ткиво.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе