Во Британија тоа е Смит, презиме го носат луѓето чии предци биле ковачи, фармери и трговци. Варијанти на ова презиме се среќаваат низ разни делови од Европа.
Марцин Циура е 40-годишен дизајнер на софтвер од Краков е автор на оваа мапа откако случајно открил дека најчестите презимиња во Англија и Полска потекнуваат од иста професија.
Презимињата што потекнуваат од зборот „ковач“ (smith) најчесто се среќаваат во Англија, Франција, Португалија, Италија и Русија.
Во земјите од Северна Европа презимињата потекнуваат од зборот „воденичар“ (miller), а во централниот и источниот дел од Европа презимињата потекнуваат од зборовите „земјопоседник“ и „поп“ (Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Романија).
Најчестото презиме во Ирска, нормално, потекнува од зборот „морепловец“.