Последната пловидба на Оливер Драгојевиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Катамаранот со ковчегот во кој се посмртните останки на познатиот Оливер Драгојевиќ исплови од Сплит во вторникот во 19.50 часот, пловејќи до Вела Лука на Корчула, каде што пејачот пораснал.

 

На сплитската ривиера се собраа околу 10.000 граѓани, а додека ковчегот се внесуваше во катамаранот, се слушаше познатата песна на Оливер „Мој галебе“. Пред тоа можеа да се слушнат и песните „Мој липи анџеле“ и „Вјеруј у љубав“.

Почест на пејачот со „бакљада“ му оддаде и навивачката група на Хајдук Торцида.

Драгојевиќ, кој почина пред два дена по долга и тешка болест на 71-годишна возраст, ќе биде погребен попладнево на гробиштата во Вела Лука.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе