Жална вест

Почина Оливер Драгојевиќ

Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите. Веста ја објави „Слободна Далмација", откако им била потврдена од семејството на Оливер.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните каок „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапувал и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе