Важно е да не се учествува

Нека победи најдобриот шамар (ФОТО+ВИДЕО)

Во конкуренција составена од регуларни Руси и руски дивоградби што можат со шамар глава да ти отшрафат, во Москва се одржа шампионат по „Национално шамарање“, каде што најголемо изненадување беше што некои од натпреварувачите решиле да се пријават. На крај беше крунисан и „крал на шамарите“.

Натпреварот се одржа во почетокот на мај, како дел од меѓународниот фестивал „Саричев пауер експо“ во Москва.

Светскиот рекордер Кирил Саричев го организираше настанот во московскиот парк Соколники, каде што привлече десетици бодибилдери и кревачи на огромни тегови, кои беа спремни да се шлапаат по лице за прилично мала парична награда.

Натпреварот се состоеше од неколку елиминациски круга, при што двајца играчи се удираа по лице со раширена дланка додека еден од нив да се предаде.

На натпреварувачите им беше дозволено да се натпреваруваат откако ги поминаа медицинските контроли и се покажа дека се доволно силни и здрави за да учествуваат на еден брутален спортски фестивал.

Јуриј Кузмин од Нижни Новгород се покажа како најупорен и најиздржлив учесник, кој ги натшамара сите свои ривали, го зазеде првото место и освои парична награда од 25.000 рубли (400 долари).

„Ова беше навистина тешко мавање“, напиша Кузмин на својот профил на социјалните медиуми.

„Сакам да им се заблагодарам на сите учесници на првиот руски шампионат во шлаканици. Направивте извонредно шоу.“

Допрва треба да се види дали натпреварот ќе стане нов тренд во Русија, но се чини дека навивачите се забавувале.

Објавено

Понеделник, Мај 14, 2018 - 21:22

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе