Островот на кој нема мажи, шеќер и алкохол, а жените јадат цвеќиња (ФОТО)

Што прави човек откако ќе продаде технолошка консултантска фирма од 45 милиони долари?

 

За Кристина Рот, одговорот е: си купува остров - ама не за да си изгради замок само за себе. Она што некогаш беше познато како Фјардскар во Финска, сега е преименувано во Суперши Остров (остров Супер Таа), продолжение на она што почна како блог наменет за „да им помогне на жените да ја откријат најдобрата верзија на самите себеси - или да станат, како што (Рот) ги брендира, супержени“, пишува Мерин Курото за Обзервер.

Курото била поканета да помине една недела на островот, кој беше отворен во јули, еднонеделен престој на него чини 4.675 долари и е отворен за оние што ги „задоволуваат строгите критериуми за членство“.

На „внимателно програмираната оаза за женско јакнење“ од 8,4 акри нема мажи, шеќер и алкохол (во секоја можна прилика се јадат цвеќиња!), но таа не е лишена од луксуз.

Островот може да се пофали со славни шефови на кујни, „2.000 тоалети што го согоруваат изметот“ и нешто што се нарекува „шумско капење шинрин-јоку“.

Курото разговарала со Рот, која „не чекори, туку лебди на облак“.

Алфа-жената на Супер-ши, Кристина Рот

Што значи Суперши за неа? Тој „ја нуди безбедноста на целото женско стадо без притисокот да се придржува до правилата“. Рот објаснува: „Крајната цел кога живеете во Њујорк, ако дојдете на дваесет години, е некако да најдете богат сопруг и да имате куќа во Конектикат, а можеби и една мансарда во центарот на градот. Си мислите, 'уау, сите го прават тоа'! И, се разбира, се обидувате да се вклопите. Мозокот на цицачите е во постојан режим 'дали сакам да одам со стадото?'. А тоа во животинското царство значи дека сте безбедни, бидејќи ако дојде лав, шансите да бидете изедени се помали кога сте во стадо.“

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе