Централна движечка сила

Новите трендови во онлајн-нервирањето

Чинот на онлајн-збеснување од начин на губење време на ексцентриците стана централна движечка сила на нашите политики. Некои ги поттикна да се кандидираат за функции. Создаде работни места. Ја прошири нашата култура. Во следните четири години Америка ќе има претседател што поголем дел од времето е страшно изнервиран на интернет.

Како водич низ овој нов црвен и гол свет, Аутлајн ги претставува најновите трендови во онлајн-збеснувањето.

Да кажеме дека ненормално сте се изнервирале на интернет. Знаете дека треба да се одлогирате и да се тргнете на пристојна оддалеченост од кавгата во која сте западнале, ама не можете да се воздржите да постирате за неа. Што правите? Ја викате на помош „фамилијата“.

Ако никој од вашата фамилија не сака да застане во ваша одбрана, пак има чаре, како во случајот со глумецот Мајкл Рапапорт (гласот на ракунот Џои од „Доктор Дулитл 2“), кој се карал со некои тролови на Твитер и на помош го викнал релативно новиот твитер-корисник по име „Дин Рапапорт“, кој се води по @mikerapaportson, односно „синот на Мајк Рапапорт“, кој му се приклучил во кавгата со троловите.

После излегло дека Дин Рапапорт ниту му е син на глумецов, ниту постои таков човек, и дека зад твитер-бранителот стои личниот асистент на Рапапорт, кој се вклучил откако неговиот биолошки син се изјаснил дека не сака да се меша во битките на татко си.

Кога сме кај онлајн-побеснувањето, неизбежен е новиот американски претседател, кој на поимот му додаде институционално значење.

Малигниот нарцис Доналд Трамп можеби е најгневната личност што некогаш „стапнала“ онлајн, вели Аутлајн. Со години неговото катче на Твитер е полно со пцости кон сите и кон сè што тој го гледа како навредливо - од новинари преку комичари, па сè до апстрактни концепти.

Само во изминатиот месец претседателот на САД побесне од:

Една комична емисија:

Арнолд Шварценегер, кој го замени него како ТВ-водител:

Им се пушти на медиумите:

На анкетарите:

На судиите:

На Иран:

На Кина, на Мексико, на Чикаго:

А твитовите во новата администрација имаат толку висок статус што дури прес-секретарот на Трамп ги принта твитовите што го изнервирале неговиот шеф:

Целиот текст, сосе сите најнови трендови во онлајн-нервирањето, тука.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе