Нил де Грас Тајсон објаснува што ќе се случи ако запалиш џоинт во вселената

Познатиот астрофизичар демонстрира дека универзумот е навистина преубав.

Размислете за сите одлуки - свесни или несвесни - што ги донеле стотици милиони организми во хаотичната ентропија на трилиони и трилиони атоми во просторот и времето за да дојдеме до овој момент: папарацо од таблоидниот портал Ти-ем-зи го прашува астрофизичарот Нил де Грас Тајсон што ќе се случи ако се запали џоинт во вселената.

Големата експлозија. Се создаваат ѕвездите и галаксиите. Па експлодираат. Се создава Земјата. Па јаглеродот. Па кислородот. Камбриската експлозија пред 500 милиони години. Петте големи истребувања. Почетокот и крајот на добата на диносаурусите. Човекот. Првите орудија. Земјоделството. Како би ја опишале марихуаната? Нов Амстердам. Војни. Култура на славни личности. Млад дечко од Јужна Африка емигрира во Америка со сон да го колонизира Марс, но во меѓувреме одлепува во мозокот и развива теорија на заговор дека херојот-нуркач всушност е педофил. Твитер. Карл Сејган. Пропаста на индустријата на весници. Харви Левин. Економија базирана на монополизација на вниманието. Интернет.

Каков прекрасен хаос. Каква прекрасна вселена.

Вајс

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе