Не, забрзувачите на честички нема да ја уништат планетата, туку луѓето

Иднината може да биде славна или мрачна, а налетот на ветрот што ги врти работите во еден или во друг правец сме ние - луѓето од 21 век.

„Влогот е многу висок во овој век“, рече британскиот космолог Мартин Рис. „Ова е првиот век кога човечките суштества... можат да ја одредат иднината на планетата“.

Во изминатите неколку дена новинските изданија известуваат дека новата книга „За иднината: перспективи за човештвото“ дава прилично спектакуларно тврдење: ако работите тргнат наопаку, акцелераторите на честички што ги слеваат субатомските честички заедно со огромни брзини, како Големиот хадронски судирач (ГХС) во близина на Женева, Швајцарија, може да ја претворат Земјата во густа сфера или во црна дупка.

Всушност, Рис за Лајв саенс во едно неодамнешно интервју кажа дека неговата книга го тврди спротивното: веројатноста за ова е многу, многу мала. Идејата дека ГХС ќе формира миницрни дупки кружи веќе некое време и не е нешто за што треба да се загрижиме, рече тој.

„Мислам дека луѓето сосема со право мислеа на ова прашање пред да ги направат експериментите, но потоа беа разубедени“, рече тој. Разубеденоста главно произлегува од фактот дека природата веќе врши такви експерименти - до крајности.

Космичките зраци, односно честичките со многу повисоки енергии од оние создадени во забрзувачите на честички, често се судираат во галаксијата, и сѐ уште не направиле ништо такво катастрофално како расцепување на вселената, рече Рис.

„Не е глупаво да се размислува за овие работи, но од друга страна, тоа не се сериозни грижи“, рече тој. Но, за разлика од тоа, „ако правите нешто за што немате пример од природата, тогаш мора да бидете внимателни“.

Токму во овие случаи технологијата може да биде реална закана за иднината, рече тој.

 

Кога природата не го знае одговорот

Менувањето на гените, на пример, може да донесе нови органски производи што не постојат во природата, рече Рис.

Понекогаш, ако „си играте со некој вирус, тогаш се разбира дека не може да бидете сосема сигурни какви се последиците“, рече тој. „Може да излезе дека сте создале форма на вирус што се нема појавено преку природни мутации“.

Има многу дебати околу гените, на пример - модификации што се разгледуваат за комарците за да се намали преносот на болеста. Генетскиот инженеринг суштински го регулира генетскиот код за да ја смени веројатноста за наследување одредени особини и може да доведе до „непредвидливи ефекти врз животната средина“, рече тој.

Технологијата, исто така, овозможува активностите на едно лице да имаат далекосежни последици, рече тој.

„Само неколку луѓе каде било во светот можат да предизвикаат нешто што има глобални последици на начин што не беше можен досега“, рече Рис. Еден пример е сајбер-нападот.

Технологијата, исто така, прави неверојатни нешта, особено во медицината и патувањето во вселената. И така, „работите можат да тргнат исклучително добро“, рече Рис. „Но попат постојат секакви опасности поради злоупотребата на технологиите.“

Втората голема закана за иднината е нашето колективно влијание врз климата, животната средина и биолошката разновидност, рече тој. Значи, важно е да се водат меѓународни разговори за тоа како да се справиме со притисоците што човештвото му ги наметнува на светот, додаде тој. И многу е полесно да ги решиме проблемите во светот, како што е борбата против климатските промени, отколку да спакуваме куфери и да заминеме на нова планета, рече тој.

„Опасна илузија е да се мисли дека можеме да ги избегнеме проблемите на светот со одење на Марс“, рече Рис. Всушност, роботите, кои најверојатно ќе бидат поприспособени за вселенски патувања од луѓето, главно ќе бидат оние што ќе го истражуваат космосот.

Рис не смета дека роботите се навистина закана за иднината.

„Не сум толку загрижен како некои луѓе во врска со тоа дека вештачката интелигенција ќе ја преземе контролата“, рече Рис. Луѓето се развиле од раните примати поради природната селекција, а особините што биле фаворизирани биле интелигенцијата и агресијата, рече тој. Електрониката „не се занимава со борба за опстанок, како во Дарвиновата природна селекција, така што нема причина зошто тие би биле агресивни“, рече тој.

Од таа причина, тие веројатно нема да ја испоубијат човечката раса и да тргнат низ вселената. Тоа би било премногу „антропоморфно“ од нив, рече тој. „Тие можеби ќе сакаат само да седат и да мислат“, рече тој.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе