Наскоро ќе излезе вотка „Ѕвездени патеки: наредна генерација“, која дошла од вселената

Кога на екипажот на Ју Ес Ес Ентерпрајз-Д од „Ѕвездени патеки: Следната генерација“ му требаше да се релаксира, тие ќе се упатеа кон Тен форворд, бродскиот бар раководен од славната Гајнан. Сега таа установа ѝ го позајмува своето име на официјалната вотка на „Ѕвездени патеки: Следната генерација“.

Објавена во Сан Диего Комик-кон, вотката Тен форворд е вториот пијалак што компанијата „Силвер скрин ботлинг“ ја нуди како дел од линијата алкохоли на темата „Ѕвездени патеки“, по претходно најавениот бурбон Џејмс Т. Кирк.

Еве како изгледа шишето, кое е дизајнирано да личи на естетиката од „Ѕвездени патеки: Следната генерација“.

Освен што дизајнот на шишињата е под влијание на компјутерскиот оперативен систем на Ентерпрајз, стартрековската вотка е битна и по фактот дека - била во вселената.

Оваа вотка се создава со испраќање мала серија шишиња во мезосферата на Земјата, користејќи балон за големи висини.

Штом вотката безбедно ќе се врати од своето патување до последната граница, брендот вели дека ќе биде „внимателно заштитена и помешана со поголемо количество Тен форворд вотка, за да се осигури дека секое шише ќе содржи понешто вотка од вселената“.

Иако компанијата признава дека патувањето до границите на Земјината атмосфера нема да го смени вкусот на пијачката, „трекијевците“ ќе имаат можност „храбро да отидат таму каде што ниеден маж не отишол досега“ со својата пијачка.

Вотката Тен форворд ќе се продава за 30 долари шише кога наскоро ќе се најде на полиците и во репликаторите.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе