Најнадежниот пат што води до ментални супермоќи

Кога на луѓето ќе им се даде начин да видат што се случува во нивната глава во реално време, набрзо учат како да ја намалат болката, да ја подобрат самоконтролата и да ги зајакнат менталните способности. Кога повеќето од нас би имале пристап до оваа техника, тоа може да биде пресудно.

Многумина од нас имаат свои особени начини за справување со чувствата и емоциите. На пример, кога сме под стрес, би можеле да си ги смириме нервите ако вниманието го фокусираме на дишењето. Ако имаме мачна забоболка, би можеле да се обидеме да ја намалиме болката преку медитативна техника. Кога се чувствуваме нерасположено, може да се расположи самите замислувајќи си го нашето „среќно место“. Оние кои пробале слични техники знаат често функционираат, но со различен степен на успех.

Сега замисли дека можеш да видиш што се случува во твојот мозок додека доживуваш емоции и сензации како што се болката, анксиозноста, депресијата, стравот и задоволството - сето тоа во реално време. Одеднаш, зошто се чувствуваш така како што се чувствуваш нема да биде толкава мистерија, и ефективноста на малите ментални техники што ги користиш да се справиш со секојдневниот живот, ќе бидат јасно видливи.

Преку практика, може да се научи поголема контролата врз умот слично како бодибилдерот што е насочен кон одредена група на мускули.

Тоа е идејата зад новата техника позната како „фМРИ на реално-време“ (Functional magnetic resonance imaging - Функционална магнетна резонанца). Со добивање на одреден визуелен фидбек (повратнa информација) за активноста на мозокот, додека изведувате ментални трикови и стратегии, може да научите свесно да ги контролирате емоциите, чувствата и желбите како да се ракувани со копче за јачина на звук на стерео. Преку практика, може да се научи поголема контролата врз умот слично како бодибилдерот кој е насочен кон одредена група на мускули - така се зголемува интригантната можност за иднина во која ќе може да се истренираат напредни ментални способности далеку понапредни од денешните.

Првата демонстрација дека „фМРИ на реално време“ може да биде моќна алатка била во 2005 година, со студија во која истражувачите ги учеле луѓето како да ја контролираат болката. Осуммина лежеле во скенерот додека биле подложени на болна топла сензација на нивната кожа. Истражувачите им покажале виртуелен пламен за да предизвикаат активација во ростралниот АЦЦ, регион на мозокот вклучен во процесирање на болката. Преку различни когнитивни стратегии, како што се „да сè до или подалеку од болниот стимулус“ и „обид да сè перципира стимулусот како со висок или низок интензитет“, учесниците брзо научиле да ја контролираат големината на пламенот, директно менувајќи го нивото на електрично активирање во регионот одговорен за болка.

Важно е дека, намалувањето или зголемувањето на овој нервен сигнал корелирало со субјективното чувства на болка, како што се мерело со прашалник и скала за болка со 10 поени. За чудо, во само една 13-минутна сесија учесниците научиле лесно да ја контролираат големината на пламенот и биле во можност да ја намалат болката за повеќе од 50%.

Од тогаш, истражувањата со фМРИ на реално-време експлодирале, и нови клинички и експериментални употреби изгледа се појавуваат секој месец. Активноста на мозокот на луѓето сега им се прикажува со фидбек што вклучува аудио звуци или „дисплеј термометар“ преку очила на виртуелна реалност.

Обуката може да создаде промени во мозокот со долготрајни ефекти.

Студија од 2017 година објавена во списанието Апетит покажала дека обуката може да се бори со дебелината. Во текот на четири дневна обука, мажите со прекумерна тежина научиле да ја зголемат интеракцијата помеѓу областите во мозокот што се вклучени во извршувањето на процесот дејство и награда, што ја подобрило самоконтролата и довело до избор на поздрава храна.

Друга студија објавена оваа година покажа дека со учење на контролата над десниот долен префронтален кортекс, регион во мозокот што е намален кај оние со АДХД, адолесцентите можеле да ги намалат АДХД симптоми и да го подобрат континуираното внимание. Кога учесниците 11 месеци подоцна биле тестирани овие придобивки сè уште траеле, покажувајќи дека обуката може да создаде промени во мозокот со долготрајни ефекти.

Студија од 2016 година покажала дека повозрасни лица со користење на техниката ги подобриле своите когнитивни способности. Исто така можно е помладите лица да ја зајакнат функцијата на мозокот на овој начин. Всушност, студија од 2015 година со здрави возрасни лица покажала дека обуката на неурофидбек можела да го подобри фокусот и да го намали недостатокот на внимание.

Бидејќи „фМРИ на реално-време“ бара скапа опрема, неговата непосредна употреба треба да биде за лекување на тешки состојби за кои нема поприфатлива терапија. Сепак, како и со секоја нова технологија, со текот на времето скенерите за фМРИ ќе станат поевтини, помали и подостапни.

Ако неколку 10-минутни сеанси можат да произведат статистички значајни резултати, што би можеле да направат 10.000 часови практика?

Ова отвора еден цел нов свет на можности. За да добиеме чувство за неискористениот потенцијал, замислете како би било еден спортист или бодибилдер секогаш да работи без да го види своето тело или големината на теговите. Ќе биде неверојатно тешко да утврди кои вежби функционираат а кои не и до кој степен. Ефективното усовршување на било која вештина бара визуелна повратна информација и истото може да се каже и за тренингот на мозокот.

Што ќе биде крајниот потенцијал на тренингот на фМРИ на реално-време ако се има лесен пристап и може да се практикува контролата врз мозокот, неделно па дури и секојдневно, долги години? Ако неколку 10-минутни сеанси можат да произведат статистички значајни резултати, што би можеле да направат 10.000 часови практика? Не постои вистински начин да се дознае, но нешто слично на „ментални супермоќи“ не се исклучени.

Неурофидбек обуката може да обезбеди брз пристап до способностите прикажани од монасите, на пример, кои можат целосно да ја блокираат ужасната болка или да ја сменат својата физиологија така што ќе исушат мокар пешкир на нивниот грб во студена соба.

Така, додека крајниот потенцијал на технологијата останува да се види, не е неразумно да се верува дека неверојатни способности на ум-над-материја на врвни медитатори за кои се потребни години да се развијат еден ден би можеле да бидат научени од сите за кратко време.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе