Лондонска фирма дава боледување и за пијанство

На сите ни се случило да забегаме со пиење, а сега е доволно на шефот да му испратите емотикон „пиво“, „болен“ или „музика“ и ќе му биде јасно што се случило.

Лондонска музичка компанија им нуди на своите вработени да земат боледување од еден ден по некоја луда пијанка за да се излечат од мамурлакот и повторно да можат да работат (и да пијат).

„Нашите вработени веќе не мора да лажат дека собрале 'некој гаден вирус за 24 часа', ниту да го менуваат гласот и да глумат засипнатост по телефон. Само кажете му на шефот што стварно се случило“, вели Дајс, компанија специјализирана за продажба на концертни билети преку смартфон.

Компанијата сака да ги поттикне своите вработени од петни жили да уживаат во лондонската музичка сцена за подобро да си ја работат работата.

„На целиот наш тим музиката му е во крвта и некои од најголемите музички договори беа потпишани веднаш по концерт“, објаснува Фил Хачион, основач и сопственик на Дајс.

Вработените ќе имаат право четири дена во годината да земат боледување заради отрезнување.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе