СКОПЈЕ КОЛИНГ СЕ СЕЛИ ОД ТЕЛЕКОМ АРЕНАТА

Концертот на Мартин Гарикс ќе се одржи на стадионот на АРМ во Градскиот парк

Фестивалот Скопје колинг (Skopje calling 2017) ќe сe одржува на нова локација - стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Поради Супер купот во фудбал фестивалската вечер на 23-ти јуни со Мартин Гарикс, Џекс Џонс и Алекс Адаир (Martin Garrix, Jax Jones и Alex Adair) нема да се одржи на Телеком арената, туку на повеќе од соодветен простор, на стадионот на АРМ, до Телеком арената во Скопје, информираат од продукцијата Авалон.

Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.

На истата локација ќе биде и настапот на Тивери корпорејшн (Thievery corporation) на истата бина и продукција наменета за настапот на Mартин Гарикс.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе