ВЕСТ САКА ДА СТАНЕ „НЕКАКОВ АМБАСАДОР“

Канје му се нацрта на Трамп во кулата, дискутирале за животот (ФОТО+ВИДЕО)

Доналд Трамп и Канје Вест, две големи риалити-ѕвезди од кои едниот е новоизбран претседател на САД, се сретнале во Трамп кулата за да дискутираат „за животот“, соопшти Трамп. Интернет-заедницата експлодира од возбуда, а за оваа тема повеќе се дискутира отколку за вестите за злосторства врз цивили во Алепо.

Средбата меѓу американскиот милијардер-иден врховен командант на оружените сили и раперот што е влезен во најголемото реалити ТВ-семејство во светот се одржала откако Вест побарал 15-минутен состанок.

„Долго време сме пријатели“, им рече Трамп на новинарите. Вест и Трамп имаат многу заеднички нешта: од богатството, преку навиката да даваат долги контроверзни изјави, па сè до обичајот да ги пумпаат своите брендови преку медиумот реалити-телевизија. 

😂😂

A photo posted by Kevin Boner (@_kevinboner) on

Извор близок на Е! њуз рекол дека раперот сакал да дискутира за можноста да стане „некаков амбасадор“ и дека е заинтересиран за „улога на претприемнички лидер“ во кабинетот на Трамп.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе